вторник, јуни 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Стојкоски: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

Стојкоски: Има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата

100

Државниот пазарен инспекторат го поднесе извештајот до Министерството за економија за следењето на состојбата со цените во периодот по завршувањето на последната мерка за ограничување на трговските маржи. Како што информираше директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски има поскапување на основните прехранбени производи во малопродажбата.

Според него, цените на основните прехранбени продукти се зголемиле за три до  пет проценти во однос на периодот пред ограничувањето на профитните маржи во продавниците.

– Има зголемување на цените во малопродажбата, додека во големопродажбата тие се вратени на исто ниво како периодот пред одлуката. Има зголемување од три до пет проценти кај производите со најголем обрт. додека кај тие производи со помал обрт – хемиски производи, хигиена, пелени, бебешка храна, зголемувањата се движат од 10 па до над 20 отсто, истакна првиот човек на ДПИ.

Тој додаде дека поголемо намалување на цените инспекторатот забележал кај овошјето и зеленчукот.

Извештајот е поднесен до Министерството за економија од каде во координација со Владата ќе треба да одлучат дали да се преземат понатамошни мерки.

ИЗДВОЕНИ