сабота, јули 11, 2026
Дома СВЕТ Срушени повеќе од 300 температурни рекорди за мај: Франција погодена од најраниот...

Срушени повеќе од 300 температурни рекорди за мај: Франција погодена од најраниот топлотен бран по повеќе од еден век

23

Денеска беа срушени повеќе од 300 температурни рекорди за мај во Франција, а највисоката температура е забележана во Коп-Осегор, каде што беа измерени 36,9 степени Целзиусови, што е изедначување на рекордот од 1996 година, објави BFM TV.

Меѓу најзначајните случаи е Роморантин во департманот Лоара-е-Шер, каде што беа измерени 33,8 степени, што е највисоката мајска температура во последните 105 години мерења. Кап де ла Гот забележа рекорд од 32,4 степени во 135-годишната историја на мерења, додека неколку градови на југозапад и запад од Франција надминаа 35 степени.

Топлотниот бран во Европа веќе одзеде 7 животи во Франција, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, цитирана од светските новински агенции. Пет од смртните случаи се од давење, но сите се поврзани со топлотниот бран низ кој минува земјата.

Во последните денови, Европа беше зафатена од необичен топлотен бран, поставувајќи рекорди на температурата во Франција и Велика Британија.

Осум департмани во западна Франција прогласија портокалов код за опасно топло време, што е без преседан за мај.

„Ова попладне, максималните температури ќе достигнат од 33 до 36 степени во департманите кои прогласија портокалов код за опасно топло време. Низ цела Франција, овој ден се окарактеризира како уште потопол од вчера“, предупреди француската метеоролошка служба во понеделник.

Во Велика Британија во недела, температурата беше речиси 35 степени. Рекордни 34,8° беа забележани во југозападен Лондон. Досега, најтоплиот мај беше во 1922 и 1944 година – 32,8.

Британската агенција за здравствена безбедност издаде здравствено предупредување за зголемен ризик од смрт кај постарите лица во најжешките часови.

Во Шпанија и Португалија, температурата е помеѓу 34 и 37 степени. Мајската жега не ја заобиколи Швајцарија, каде што се очекуваат температури од над 31 степен.

ИЗДВОЕНИ