Во текот на ноќта, Србија беше погодена од два земјотреси, објави Републичкиот сеизмолошки институт на Србија (РСЗС. Според информацијата, земјотресот со магнитуда од 4,1 степени е регистриран во близина на Бездан во 2:35 часот утрово.
Како што соопшти РСЗС, интензитетот во епицентарот е проценет на шест степени од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со таа јачина можат да предизвикаат помали штети на зградите во епицентралното подрачје, објави Радио-телевизија на Србија (РТС).
Епицентарот бил во областа помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, на работ на Специјалниот резерват „Горње Подунавље“.
По тој земјотрес, во Србија беа регистрирани два послаби земјотреси, во регионот Бездан, од 2,5 и Дивчибаре, од 2,3 степени.












