Сопствениците на балкони во Рим со најдобар поглед на оџакот заработуваат од конклавата 500 евра дневно

64
screenshot

Конклавата во Систинската капела во Ватикан ја следат огромен број новинарски екипи од целиот свет, а локалното население во италијанската престолнина Рим најде начин добро да заработи од неа.

„Кориере дела Сера“ објави дека 5.300 новинари се акредитирани да го следат изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква по смртта на папата Франциск.

Телевизиските станици ширум светот имаат директни преноси од Ватикан, а балконите на зградите на улицата Павле Шести се најдобро позиционирани за ова.

Од тие тераси, подобро можете да го видите оџакот од кој треба да се појави бел чад ако се избере нов папа или црн чад ако е потребен нов круг гласање.

„Кориере дела Сера“ објави дека овие балкони сега се изнајмуваат за 500 евра на ден.

ИЗДВОЕНИ