петок, октомври 2, 2026
Дома МАГАЗИН Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата

Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата

2

Во организација на Слоу-Фуд-Водно, во сабота, на 3-ти октомври, од 10:00 до 17:00 часот, до Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“. Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните производители.

Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат производителите, да дегустираат локални производи и да дознаат повеќе за значењето на зачувувањето на биодиверзитетот и традиционалните земјоделски практики. Во фокусот на годинашното издание е скопскиот јабучар – стара и препознатлива локална сорта домат, карактеристична по својот автентичен вкус и значајна за традиционалната скопска градинарска култура. Токму преку ваквите примери фестивалот ја истакнува поврзаноста меѓу природното богатство, земјоделското наследство, културата и храната што ја имаме на трпезата.

На истата локација, ќе се одржи и “Ден на граѓанските организации“, во организација на Цивика-мобилитас, со дополнителни содржини и активности за граѓаните. За посетителите се подготвени интерактивни работилници, активности за млади, дебати и презентации, како и музичка програма со магионичарско шоу.

ИЗДВОЕНИ