Вооружените полицајци кои го чуваат градоначалникот на Лондон, Садик Кан, заборавиле торба со оружје пред неговата куќа, а на тоа ги предупредил случаен минувач ги известил, објавија медиумите.
Градежниот работник Џордан Грифитс изјави за британски „Сан“ дека неговата девојка ја пронашла торбата на улица во јужен Лондон во вторник вечерта.
Торбата содржела полуавтоматска карабина Хеклер и Кох МП5, пиштол Глок, тејзер и муниција, објави весникот.
„Не можев да им верувам на своите очи“, изјави Грифитс за британски „Сан“.
Работникот се јавил во полиција и им кажал што пронашол, а тие дошле да го земат оружјето за неколку минути, рече тој.
„Ми беше кажано дека таму ги оставил еден од безбедносните службеници на Садик Кан, што има смисла бидејќи тој живее тука.“
Полицијата ги потврди неговите наводи и дека оружјето е нивно.
„Во оваа фаза се верува дека торбата ја изгубиле полицајци на должност кратко пред да ја пронајде минувач“, соопшти Метрополитенската полиција.
„Ова е многу сериозен инцидент и е пријавен во Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитенската полиција, која сега мора да преземе сите чекори за да се осигури дека ваков вид инцидент никогаш повеќе нема да се случи“, го осуди пропустот портпаролот на градоначалникот, пренесе „Хина“.












