четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Словенија потврди странско влијание врз парламентарните избори

Словенија потврди странско влијание врз парламентарните избори

119

Словенечката разузнавачка агенција „недвосмислено потврди дека имало странско влијание“ врз парламентарните избори што се одржаа во неделата, објави денес владата, пренесува „Бета“.

Владата во соопштението издадено по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА) „ги презентирала специфичните активности на странската параразузнавачка агенција, како и контактите со словенечките субјекти“.

„Доказите собрани во земјата и во странство веќе се предадени на надлежните органи за спроведување на законот, обвинителството и полицијата“, се вели во соопштението.

Во соопштението не е наведено која „параразузнавачка агенција“ била вклучена, пренесува Н1.

Изборите во неделата завршија без јасен победник. Со преброени повеќе од 99 проценти од гласовите, либералната Партија на слободата на премиерот Роберт Голоб освои 29 од 90 места во парламентот, додека опозициската десничарска Словенечка демократска партија (СДС) освои 28.

За време на изборната кампања беа објавени видеа на кои се чини дека се тајно снимени владини личности како се фалат со своите политички врски. Група активисти и новинари изјавија дека видеата биле протечени за да се влијае врз гласачите. Словенечките власти, исто така, отворија истрага за ова прашање.

Во обвинувањата понатаму се тврди дека собраните разузнавачки информации ја поврзуваат СДС и приватна странска агенција со видеата. Лидерот на „СДС“, Јанез Јанша, призна дека имал контакт со советник на израелската приватна разузнавачка агенција „Блек кјуб“, но негираше дека сторил нешто нелегално.

Војко Волк, државниот секретар за национална и меѓународна безбедност, минатата недела изјави дека претставници на „Блек кјуб“ ја посетиле Словенија четири пати во последните месеци, вклучително и на улица во главниот град Љубљана каде што е седиштето на партијата на Јанша.

Премиерот Голоб ја повика Европската унија да спроведе истрага.

„Блек Кјуб“ напиша во е-пошта до АП дека е „разузнавачка фирма која обезбедува услуги исклучиво за клиенти поврзани со деловни активности низ целиот свет, во поддршка на судски спорови, арбитража и во случаи на криминал од „бела јака“.

Како што е наведено, „Блек Кјуб“добива правни совети во секоја област каде што работи за да ја обезбеди легалноста на своите активности.

„Корупцијата е феномен што им штети на економиите и спречува легитимна деловна активност. „Блек Кјуб“ ќе продолжи да открива проневера, корупција и трошење средства во сите свои случаи на глобално ниво, како што постојано прави во последните 15 години“, соопшти агенцијата.

Словенечката влада во соопштението од 20 март напиша дека шефот на агенцијата СОВА, Јошко Кадивик, презентирал целосен извештај за настаните помеѓу 10 и 11 декември 2025 година, заедно со материјални докази за врските на тројца претставници на приватната разузнавачка фирма „Црна коцка“ (Ѓора Ејланд, Лирон Цур и Дан Зорела) со посетата на улицата Трстењакова број 8 во Љубљана, каде што се наоѓа седиштето на СДС.

Кадивик „презентирал наоди поврзани со активностите на „Блек кјуб“ на територијата на Словенија и во странство, кои исто така покажуваат контраразузнавачки операции против Словенија и странско мешање во словенечките избори“, се вели понатаму во соопштението.

ИЗДВОЕНИ