Главниот зоонегувател, Сашо Панчев, раскажува за тоа како им го прават попријатен престојот на животните во живеалиштата, во овој период, кога надвор температурите го достигнуваат и четириесеттиот Целзиусов степен. Пингвините имаат климатизирана соба, а е климатизирано и живеалиштето на мајмуните. Мајмуните во овој период обожаваат да јадат овошни сладоледи, кои постојано им ги подготвуваат вработените во Зоолошката градина.
Во овој период е зголемена и контролата кај животните. Според Панчев, се набљудуваат нивните активности и таму каде што нема сенка, настојуваат да обезбедат, иако, како што вели тој, повеќето живеалишта се со сенки од дрвја

Високите температури не претставуваат проблем и не влијаат само на луѓето туку и на животните. И ним, како и на луѓето, им е потребно разладување за полесно да се справат со летните горештини.
Полесна исхрана, но и сладоледи, сакаат и животните што се наоѓаат во скопската Зоолошка градина во моментот. За да може да ги пребродат жештините, зоонегувателите во овој период им посветуваат особено внимание. На некои од нив, пак, им одговара топлото време, бидејќи потекнуваат од топлите краеви, како што се Африка и Австралија. Такви се, на пример, ему птиците, берберските овци, валабите од семејството кенгури.
Главниот зоонегувател, Сашо Панчев, раскажува за тоа како им го прават попријатен престојот на животните во живеалиштата, во овој период, кога надвор температурите го достигнуваат и четириесеттиот Целзиусов степен.
– Најважно од сè е да им се менува водат, и тоа два-три пати во денот. Потребно е животните да имаат свежа и ладна вода за пиење – вели Панчев.

Тој нагласува дека разладуваат одредени живеалишта со хидранти, со што автоматски се освежуваат и животните.
– Такво е, на пример, живеалиштето на слоницата Даела, која ужива да се бања и многу сака кога ја прскаме со вода – нагласува Панчев.
Главниот зоонегувател наведува дека пингвините имаат ладна соба, која е климатизирана.
– Во екстремно топлите денови, пингвините се затвораат во собата, каде што имаат и ладна вода – објаснува Панчев, додавајќи дека се климатизирани и внатрешните живеалишта на мајмуните.
Мајмуните во овој период обожаваат да јадат овошни сладоледи, кои постојано им ги подготвуваат вработените во Зоолошката градина.

– Во чашки се замрзнува овошје. Тоа пушта вода и на тој начин настанува вистински сладолед, кој мајмуните го јадат со сласт – раскажува Панчев.
Тој додава дека се настојува да им се дава полесна, потечна храна на животните во овој период.
– Им се подготвуваат лубеница, диња. Тие се ладни, вистинско летно освежување. На тој начин примаат повеќе течности и се разладуваат – потенцира Панчев.
Тој информира дека е зголемена контролата кај животните во овој период.
– Се набљудуваат нивните активности и таму каде што нема сенка, настојуваме да обезбедиме, иако повеќето живеалишта се со сенки од дрвја – заклучи Панчев.
(А. П.)












