сабота, септември 19, 2026
Дома СВЕТ Шест деца во руски камп завршија во болница откако вечерале: Се жалеле...

Шест деца во руски камп завршија во болница откако вечерале: Се жалеле на силни болки во стомакот, покрената истрага

0

На Сахалин е покрената истрага откако шест деца од здравствениот камп „Јубилејни“ беа хоспитализирани со симптоми на труење со храна, соопштија денеска Истражниот комитет и регионалното Министерство за здравство.

Како што пренесе ТАСС, на 18 септември, по вечерата, децата се пожалиле на болки во стомакот, слабост и гадење.

Околу 23 часот, службите за итна помош ги префрлиле на одделението за заразни болести при регионалната детска болница.

ИЗДВОЕНИ