недела, ноември 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во...

Се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

100

Министерството за здравство информираше дека уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од кои пет од Турција, двајца од Бугарија и еден од Словенија. На лекување во странство остануваат уште 18 пациенти.

Согласно протоколот, пет пациенти ќе бидат под опсервација во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија и еден пациент во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

ИЗДВОЕНИ