Иранскиот врховен лидер Али Хаменеи изјави дека се отвора „ново поглавје“ во регионот на Ормутски теснец, оценувајќи дека САД доживеале „срамен неуспех“ во своите планови.

Неговата порака, пренесена од државните медиуми по повод одбележувањето на историскиот настан од 1622 година – протерувањето на Португалците од Ормутскиот теснец – беше цитирана и од Al Jazeera.

  • Денес, по најголемата кампања и агресија во регионот и срамниот неуспех на Америка, се отвора ново поглавје во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец, изјави Хаменеи.

Тој ја обвини САД дека се главен фактор за нестабилност на Блискиот Исток, посочувајќи дека американското воено присуство во регионот создава несигурност.

  • Докажано е дека присуството на американските сили и нивното гнездење во земјите од Персискиот Залив е најважниот фактор на несигурност, рече тој, додавајќи дека американските бази не се способни да ја гарантираат ниту сопствената безбедност.

Хаменеи истакна дека иднината на регионот треба да биде без американско влијание и порача дека Иран ќе продолжи да ги штити своите воени капацитети.

Во таа насока, тој нагласи дека нуклеарната и ракетната програма на Иран претставуваат „национален капитал“ кој ќе биде чуван „како границите – на копно, море и воздух“.

Изјавите доаѓаат во контекст на зголемените тензии меѓу Иран, Израел и САД, како и честите инциденти во и околу Персискиот Залив.

ИЗДВОЕНИ