Програмата „Коперникус Сентинел II“ објави сателитски снимки направени помеѓу 1 и 3 август оваа година, кои покажуваат ниско ниво на вода на четири големи европски реки – Лоара, По, Рајна и Дунав, пишува „Си-ен-ен“. Сателитските снимки се снимени од Лоара во близина на Сомур во Франција, По во близина на Кремона во Италија, Рајна во близина на Бофут во Германија и Дунав во близина на Пакш во Унгарија.
Фотографиите пред и по падот на нивото на водата јасно покажуваат брегови од песок и чакал кои биле длабоко под вода пред сушата. Овие слики јасно укажуваат на силниот ефект од долгорочната суша што зафати голем дел од Европа.
View this post on Instagram
Поморскиот сообраќај на сите гореспоменати реки е отежнат. Рајна предизвика проблем со снабдувањето во централна Европа, додека Дунав ја загрози работата на нуклеарната централа Пакш во Унгарија, чиј реактор зависи од речната вода за ладење.
Што се однесува до италијанската река По, падот на нивото на водата го загрози наводнувањето, производството на енергија и снабдувањето со свежа вода. Падот на нивото на водата на реката Лоара во Франција ја загрози хидролошката состојба во цела Западна Европа.
Нивото на водата на реката Дунав опадна поради силните суши во Европа, поради топлотниот бран што го зафати речиси целиот континент. Имаше многу малку врнежи, што ја загрозува пловидбата, екосистемот и снабдувањето со вода.
Реката Дунав го забележа најниското ниво на водата во последните 50 години помеѓу Бездан и Богоево. Како резултат на тоа, многу патувања и транспортни навигации се откажани, пренесува „Танјуг“.











