петок, август 7, 2026
Дома МАГАЗИН САД објавија нови документи за НЛО: ФБИ реконструкиура неколку настани

САД објавија нови документи за НЛО: ФБИ реконструкиура неколку настани

76

Пентагон во петокот објави нова серија документи и слики поврзани со НЛО, познати и како неидентификувани аномални феномени или UAP, вклучувајќи го и сеќавањето на воен пилот за огромен, чуден триаголник што ги блокирал ѕвездите над Авганистан во 2002 година.

Четириесет и една нови датотеки, објавени на веб-страницата на Пентагон за НЛО, вклучуваат мешавина од документи, слики и видеа.

Записите доаѓаат од Пентагон, ФБИ, ЦИА, Стејт департментот и Извршната канцеларија на претседателот, при што најстариот е од 1950 година, а најновиот е од оваа година, пренесува „Си-би-есн њуз“.

Како дел од програмата PURSUE, објавени се 130 MB нови документи и 513 MB видео што содржат податоци за видувања на НЛО и истрагите што следеа.

Министерството за војна особено ги истакна дигиталните реконструкции на ФБИ на големи триаголни објекти од различни перспективи.

Интересен настан од 2002 година покажува огромен темен триаголник што целосно блокира дел од ѕвезденото небо.

Постои и реконструкција од 2011 година, врз основа на извештај, кој покажува голем темен триаголник со по една бела светлина во секој од трите агли.

Новата серија документи вклучува и реконструкции на неодамнешни настани од 2026 година, во кои црвени светла лебдат над планински и пустински пејзаж.

Постои и документ што покажува дека уште во 1953 година, американската морнарица анализирала филмови што наводно прикажуваат неидентификувани објекти, кои биле снимени неколку години претходно.

Во документите се наведува дека воздухопловните сили на САД побарале анализа на филмови снимени на 2 јули 1952 година во државата Јута, на кои се прикажани неидентификувани објекти. Исто така, се наведува дека биле обезбедени околу 280 метри филм во боја од 16 милиметри.

Во извештајот се додава дека филмот од Јута бил во лоша состојба и за да се зачува, аналитичарите ги копирале и корегирале боите. Сликата на објектите била зголемена 22 пати за подобро да се следат нивните движења.

Особено е да се напомене дека резултатите и заклучоците од анализата не мора нужно да го претставуваат официјалниот став на американската морнарица.

„Материјалите архивирани овде се нерешени случаи, што значи дека владата не може да донесе конечна одлука за природата на набљудуваните феномени. Ова може да се случи од различни причини, вклучително и недостаток на доволно податоци, а Министерството за војна ја поздравува примената на анализа, информации и експертиза од приватниот сектор. Министерството за војна ќе продолжи да спроведува посебни извештаи за решени случаи на неидентификувани дронови, како што е пропишано со закон“, се вели на страницата каде што се објавени документите.

Ова е петтото објавување според извршната наредба што претседателот Трамп ја потпиша во јануари со која им наложи на војската и другите агенции да изготват повеќе документи поврзани со НЛО.

ИЗДВОЕНИ