Роналдо со причина не присуствуваше на погребот на Жота

873
epa10210490 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Spain at the Municipal stadium in Braga, Portugal, 27 September 2022. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Кристијано Роналдо е најпознатата личност што ја познавал Диого Жота, а тој не се појавил на погребот на трагично починатиот фудбалер на Ливерпул.

Отсуството на Роналдо од погребот на Диого Жота, португалскиот репрезентативец кој почина во трагична сообраќајна несреќа на 28-годишна возраст, предизвика критики на социјалните мрежи.

Сепак, кога станува збор за погреби, само Роналдо знае како се чувствува бидејќи сè го потсетува на ненадејната смрт на неговиот татко.

Хозе Динис Авеиро почина во септември 2005 година кога сега веќе познатиот Португалец имаше 20 години, а сите настани околу погребот оставија трајни последици.

Со оглед на тоа што тој веќе беше познат тогаш, а денес е убедливо најпопуларниот фудбалер во светот, Роналдо не сакаше да присуствува на погребот на Жота поради сè што доживеал во минатото.

Роналдо, кој одлучи да се грижи за образованието на децата на Жота, молчеше за осудите, но неговата сестра Катја Авеиро не го стори тоа.

„Кога почина татко ми, покрај болката од загубата, моравме да се справиме со поплава од камери и љубопитни ликови не само на гробиштата, туку насекаде каде што одевме.“

„Уништуваа гробови и надгробни споменици, а луѓето се качуваа насекаде. И тоа не беше за да му оддадат почит, како што можеби мислите“, изјави Авеиро и продолжи:

„Ние, децата, во ниту еден момент не можевме да ја напуштиме капелата, таква беше бучавата. Ако некој ми испрати пораки во кои го критикува мојот брат, ќе го блокирам.“

„Овој фанатизам и критика се луди. Општеството е болно… Сите имаме семејства“, додаде таа.

Неговата мајка Долорес Авеиро застана во одбрана на повеќекратниот добитник на „Златната топка“.

„Само оние кои не го познаваат и кои никогаш не изгубиле никого нема да го разберат неговото отсуство во овој болен момент“, рече Долорес.

 

ИЗДВОЕНИ