Романците денеска почнаа да излегуваат на избирачките места да гласаат на претседателките избори кои минатата години беа поништени поради сомнеж за вмешаност на Русија во романскиот избирачки процес.
Анкетите покажуваат дека Џорџе Симион од крајната десничарска партија „Сојуз за Унијата Романија“ има најдобри изгледи, но не очекува дека ниту еден од 11-те кандидати ќе освои апсолутно мнозинство, што значи дека е веројатен втор круг.
Ако биде потребно, вториот круг меѓу двата најдобро пласирани кандидати од првиот круг ќе се одржи на 18 мај.
На изборите во ноември, кои беа поништени, прорускиот кандидат Калин Ѓорѓеску победи во првиот круг, откако кампањата ја водеше претежно на онлјан платформата „ТикТок“.
Непосредно пред вториот круг гласање, Уставниот суд го поништи првиот круг поради неправилности во финансирањето на компанијата.
На Ѓорѓеску му е забрането исто така повторно да се кандидира за претседател и од февруари е под истрага на јавното обвинителство поради давање лажни изјави за финасирањето на својата компанија.