петок, август 21, 2026
Дома МАГАЗИН Работа од соништата! Патувате низ Европа на нивна сметка, а за два...

Работа од соништата! Патувате низ Европа на нивна сметка, а за два месеци заработувате повеќе од 5.000 евра

0

Патување низ осум европски градови, платени хотели и авионски билети и месечна плата од околу 2.630 евра. Токму вака изгледа необичниот оглас за работа од апликацијата „RiseGuide“, која бара некој што е спремен да ги помине следните осум недели патувајќи низ Европа и разговарајќи со странци.

Работната позиција се вика „глобален истражувач на харизма“, а избраниот кандидат ќе има задача да утврди со кои европски градови е најлесно да се пристапи и да се започне разговор.

Податоците собрани за време на патувањето треба да се искористат за креирање на Европскиот индекс на харизма.

Избраниот кандидат практично ќе живее „од куфер“ два месеци, а неговата рута ќе вклучува некои од најпопуларните европски дестинации.

Планираното патување ќе биде до Рим, Барселона, Лисабон, Париз, Даблин, Атина, Амстердам и Берлин.

Во секој од овие градови, кандидатот ќе им пристапува на странци, ќе започнува разговори и ќе ги евидентира своите искуства. Потоа, градовите ќе бидат оценети врз основа на љубезноста на жителите, нивната подготвеност за комуникација и колку се пристапни.

Од лицето кое ќе ја добие работата се очекува да биде комуникативно, енергично и независно, како и да нема проблем со запознавање нови луѓе.

Исто така, потребно е кандидатот да може да патува во рамките на Европската Унија, додека познавањето на дополнителен јазик се смета за предност.

За овој ангажман е понудена месечна плата од 3.000 долари, или приближно 2.630 евра.

Бидејќи работата трае осум недели, избраниот кандидат треба да заработи околу 5.260 евра за време на целиот ангажман.

Сепак, бенефициите не завршуваат тука. Компанијата ги покрива авионските билети, хотелското сместување и активностите за време на патувањето, така што кандидатот нема да мора да ги финансира овие трошоци од понудената плата.

Заинтересираните за оваа необична работа треба да достават видео од три до четири минути заедно со нивната CV.

Во него треба да објаснат зошто мислат дека се вистинскиот кандидат за работата. Треба да се достават и линкови до јавни профили на социјалните мрежи, како што се Instagram или TikTok.

Лицето кое на крајот ќе биде избрано ќе добие можност да патува низ Европа два месеци на трошок на компанијата, да разговара со луѓе и да заработи повеќе од 5.000 евра за тоа.

ИЗДВОЕНИ