Рускиот претседател Владимир Путин рече дека верува оти конфликтот во Украина се ближи кон крајот, пренесе „РИА Новости“.
На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со Европејците, Путин рече дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е неговиот претпочитан кандидат.
Путин, исто така, рече дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само откако ќе се постигне траен мировен договор.
Тој нагласи и дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација искрено сакаат решение за војната во Украина, бидејќи „не им е потребен“ овој конфликт.
– Гледаме дека сегашната американска администрација и претседателот на САД искрено се стремат кон решение. Очигледно не им е потребен овој конфликт – рече Путин.












