Од 17 часот пожарот зафатил 1.200 хектари шума, а сувото време и силниот налет на ветер му одат во прилог на ширењето на огнот, пренесе „Укринформ“. Во гаснењето на огнот учествувале 374 луѓе, вклучувајќи 253 спасувачи од Државната служба за вонредни ситуации.
„Ситуацијата е целосно ставена под контрола“, изјавија пожарникарите. Радијациската ситуација на територијата на Украина, вклучувајќи го и северот на Киевската област, е стабилна и нивоата на гама зрачење се наоѓаат во границата на нормалата и покрај големиот пожар кој и понатаму е активе во зоната на Чернобил, соопши Министерството за внатрешни работи на Украина.
Според информациите на украинскитте служби, пожарот избувнал на 7-мми мај по пад на беспилотно летало на територијата на Чернобилскиот резерват, во зона од природно и научно значење.












