петок, јуни 19, 2026
Дома СВЕТ Путин најави дводневен прекин на огнот со Украина по повод Денот на...

Путин најави дводневен прекин на огнот со Украина по повод Денот на победата

80
EPA/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделник прогласи дводневен прекин на огнот со Украина на 8 и 9 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека очекува украинската страна да го стори истото со прекин на огнот, предупредувајќи дека Русија ќе изврши масовен ракетен напад врз Киев доколку Украина се обиде да ги наруши прославите на Денот на победата.

„И покрај можностите што ни се на располагање, Русија претходно се воздржуваше од такви акции од хуманитарни причини“, се вели во соопштението.

Министерството додаде дека ги предупредува „цивилното население на Киев и персоналот на странските дипломатски мисии да го напуштат градот навреме“.

Руското Министерство за одбрана кон крајот на април објави дека овогодишната парада за Денот на победата на 9 мај ќе се одржи без тенкови и ракети поради загриженост за можни напади со украински беспилотни летала.

Градоначалникот на Москва претходно во понеделник изјави дека украински дрон погодил станбена зграда во близина на центарот на Москва, неколку дена пред воената парада за Денот на победата.

ИЗДВОЕНИ