понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Путин му го честиташе роденденот на Трамп, го нарече брилијантен човек и...

Путин му го честиташе роденденот на Трамп, го нарече брилијантен човек и политичар

143
EPA/SAMUEL CORUM / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин му го честитал денешниот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп, опишувајќи го како „брилијантна, извонредна личност и политичар“, велејќи дека врските меѓу нивните две земји би можеле да се подигнат на ново ниво, објави британската новинска агенција Ројтерс.

„Почитуван господине претседателе, драг Доналд, од срце ви го честитам 80-тиот роденден, на толку брилијантна, извонредна личност и политичар, напиша Владимир Путин во порака објавена на веб-страницата на Кремљ, која ја цитираа руските новински агенции.

Лидерот на Кремљ разговарал со Трамп 55 минути по телефон, според неговиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, кој додаде дека Путин му го честитал роденденот на „неформален“ начин.

Путин рече дека „го цени меѓусебното разбирање, кое ни овозможува отворено и искрено да разговараме дури и за најсложените прашања на билатералната и меѓународната агенда“.

„Сигурен сум дека заедно искрено можеме да им дадеме нова димензија на руско-американските односи, а исто така да направиме повеќе за да обезбедиме безбедност и стабилност на светската сцена“, додаде рускиот претседател.

Последната средба меѓу двајцата претседатели беше во август 2025 година во Алјаска, кога двајцата ветија брзо да постигнат договор за прекин на војната предизвикана од руската инвазија на Украина.

Конфликтот сè уште не е завршен и трае повеќе од четири години.

ИЗДВОЕНИ