вторник, октомври 13, 2026
Дома СВЕТ Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот...

Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на изборите!

1

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на изборите, доколку Киев навистина сака изборите да се одржат, изјави вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Претседателот веќе зборуваше за тоа, но во овој случај можам во негово име, со полна одговорност, да кажам дека ако навистина сакаат изборите да се одржат во Киев, претседателот на Руската Федерација и врховен командант ќе биде подготвен да издаде наредба Украина да не биде нападната на денот на изборите – рече Песков пред новинарите, а неговата изјава беше објавена на официјалниот профил на Кремљ на платформата Макс.

Песков оцени дека на Киев не му е потребно шеесетдневно примирје поради одржувањето на изборите, туку за да ги обнови своите сили и да ја продолжи војната, пренесува „РИА Новости“.

– Киев всушност не сака да одржи избори, тоа е целосно очигледно. Не им е потребно примирје од 60 дена поради изборите, туку за да ги соберат силите, да ги залечат раните и да ја продолжат војната – изјави Песков.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да распише избори во Украина, како и дека смета дека на таа земја ѝ е потребен нов лидер кој би можел да преговара со Русија.

По повод изјавата на Трамп, Зеленски порача дека со прашањето за одржување на изборите ќе се занимава само доколку се воспостави целосно примирје со Русија во траење од најмалку 60 дена.

Песков исто така наведе дека Русија била подготвена да ги продолжи мировните преговори веднаш по изборите за Државната дума, одржани од 18 до 20 септември, но дека Киев, според неговите тврдења, покренал масовни напади врз Москва.

– Вреди да се потсетиме дека руската страна беше подготвена, и тоа отворено го изјави, да ги продолжи мировните преговори веднаш по изборите за Државната дума. Но, што направи Украина? Украина покрена масовни напади врз Москва без преседан. Украина се обиде да ги поремети овие избори, бомбардираше избирачки места, нападна и уби неколку членови на окружните изборни комисии во новите региони на Русија – изјави Песков.

Редовниот петгодишен претседателски мандат на Зеленски истече на 20 мај 2024 година, но нови претседателски избори во Украина не беа одржани поради воената состојба воведена по почетокот на судирот со Русија и општата мобилизација.

ИЗДВОЕНИ