вторник, ноември 24, 2026
Дома БАЛКАН Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени, уапсен е 17-годишен ученик/ВИДЕО

Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени, уапсен е 17-годишен ученик/ВИДЕО

157
Фото: screenshot Glassumadije.rs

Утринава, околу 8:00 часот, во Техничкото училиште во Крагуевац дојде до пукање, при што беа повредени две лица. Полицијата совлада и уапси седумнаесетгодишен ученик од училиштето, кој се сомничи дека употребил пушка со мал калибар во училишниот хол.

Немања Јоксимовиќ, директорот на Првото техничко училиште во Крагуевац, по утринското пукање во училиштето изјави дека учениците безбедно ја напуштиле зградата. Според него, ученик од четврта година ранил соученичка, чиј живот не е во опасност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glas Šumadije (@glassumadije.rs)

„Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи, ученикот е уапсен. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ќе се потрудиме наставата да се нормализира што е можно поскоро“, рече Јоксимовиќ.

Полицијата врши увид на лице место, а дополнителни информации се очекуваат откако тој ќе заврши.

Директорот на училиштето исто така напомена дека претходно немало никакви проблеми со уапсениот ученик.

„Учениците безбедно ги напуштија просториите. Ова се случи за време на првиот час, што е среќна околност со оглед на ситуацијата“, додаде Јоксимовиќ.

Две лица се повредени утрово во инцидент во Првото техничко училиште во Крагуевац.

Според Министерството за внатрешни работи, полицијата добила пријава околу 8:00 часот дека едно лице е повредено – најверојатно со огнено оружје – додека друго лице се здобило со повреди од скршено стакло.

Како што неофицијално дознава N1, жртвите се две вработени од помошниот персонал во училиштето. Очевидци и ученици од завршните години неофицијално изјавија дека ученикот бил исклучително повлечен и претходно не правел никакви проблеми во училиштето.

ИЗДВОЕНИ