петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Пукање во католичко училиште во САД: Вооружен човек отвори оган врз деца...

Пукање во католичко училиште во САД: Вооружен човек отвори оган врз деца на утринска миса, настрадаа три, а најмалку 17 се повредени 

132
Фото:принтскрин, видео Фокс5

Три лица се убиени, а најмалку 17 се ранети во пукање во католичко училиште во Минеаполис во среда, изјави шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара.

Тие биле на осум и 10 години, рече тој.

Родителите на децата се известени, пренесе „Си-ен-ен“.

Вооружениот човек е меѓу загинатите, објави „Ројтерс“.

 

Најмалку 17 лица се повредени во пукањето, рече О’Хара.

Четиринаесет од повредените се деца, од кои две се уште се во критична состојба, рече шефот на полицијата.

Училиштето е приватно основно училиште со околу 400 ученици.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил облечен во црно кога отворил оган со пушка врз децата на утринска миса.

ИЗДВОЕНИ