Жителите на грчкиот остров Крит утрово се разбудија во страв по силниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој го потресе регионот, а беше почувствуван дури и во областа Атика.
Според локалните медиуми, земјотресот предизвикал паника – луѓето панично истрчале од своите домови, а многумина пријавиле силен татнеж што го придружувал земјотресот. Набрзо на мрежите се појавија првите видеа на кои се гледа како се тресат автомобили и електрични кабли, додека во позадина се слуша силен звук.
Во некои продавници евидентирана материјална штета – производите паѓале од полиците, пишува Прототема.
По главниот удар следеа уште девет послаби земјотреси – најслабиот беше 2,5, а најсилниот 3,5 степени според Рихтеровата скала.
🇬🇷 | Security cameras captured the moment a M6.1 earthquake hit the city of Heraklion, in the Greek island of Crete.
A strong earthquake with a M of 6.1 struck off the northern coast of Crete, early Thursday morning, May 22, 2025, at 6.19 AM local time.#σεισμος #earthquake pic.twitter.com/fE5ARKTfqf
— RenderNature (@RenderNature) May 22, 2025
Противпожарните служби на Крит се во состојба на готовност. Патролни возила веќе се на терен и ја следат состојбата. Помали одрони се забележани и на регионалните патишта, а дел од зграда се урна во Ираклион. Локалната полиција брзо реагирала и го блокирала теренот заради безбедност.
Регионалните и општинските власти на Крит ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни мерки. Во општините Ираклион и Ласити веднаш се издадени упатства за итни безбедносни контроли на училишните објекти. Засега, за среќа, на овие локации не е забележана сериозна штета.