Адвокатот Дејвид Шерборн, кој ги застапува седумте тужители, рече дека дводневното рочиште ќе се фокусира на прашања кои се однесуваат на откривање на приватни материјали, а дека почетокот на судењето се очекува идната година, пренесуваат светските агенции.
Заедно со пејачот Елтон Џон и уште пет британски познати личности, принцот Хари го тужеше АНЛ, издавач на таблоидот „Дејли мејл“, поради наводни сериозни повреди на приватноста кои датираат и од пред 30 години, вклучувајќи прислушување на нивните телефони, домови и собирање медицинска документација врз основа на измама.
Тие ги обвинуваат актуелните уредници на весникот и други долгогодишни новинари дека биле вмешани во тие дела.
„АНЛ“ негираше вмешаност во незаконски пракси, наведувајќи дека тврдењата на принцот Хари и другите познатни личности се „едноставно бесмислени“.
Принцот Хари пред неколку дена изгуби судски спор со владата во врска со неговите права да му се овозможи обезбедување како за останатите членови на кралското семејство.