Општина Прилеп е добитник на „Мјунисипал сиркулар лидершип авард 2026“, признание со кое меѓународното жири во Приштина ја избра Општина Прилеп, од вкупно 63 апликации, за најуспешна во оваа категорија на ниво на Западен Балкан.
– Ова е потврда дека промените што ги правиме во нашиот град се движат во вистинската насока. Дека одговорноста кон животната средина, создавањето нови навики и вложувањето во современи решенија даваат резултати што се препознаваат и надвор од границите на нашата земја – истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски
Општина Прилеп е добитник на „Мјунисипал сиркулар лидершип авард 2026“, признание со кое меѓународното жири во Приштина ја избра Општина Прилеп, од вкупно 63 апликации, за најуспешна во оваа категорија на ниво на Западен Балкан.
– Ова е потврда дека промените што ги правиме во нашиот град се движат во вистинската насока. Дека одговорноста кон животната средина, создавањето нови навики и вложувањето во современи решенија даваат резултати што се препознаваат и надвор од границите на нашата земја – истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Тој додаде дека 49 % од граѓаните веќе селектираат отпад од пакување во своите домови и дека Општината продолжува да работи на современа инфраструктура за секундарна селекција на отпадот, со капацитет до 10 тони на час.
– Го развиваме системот за одговорно собирање и раздвојување различни категории отпад. Подготвуваме нови решенија за компостирање и третман на градежниот шут. Работиме на рекултивација на постојната депонија и на намалување на количините отпад што ќе завршуваат на депонирање. Продолжуваме да ја развиваме циркуларната економија, затоа што отпадот не мора да биде крај на еден процес, туку почеток на нова вредност – рече градоначалникот.
Според него, кога ќе дојде вакво меѓународно признание пред да се завршат сите работи што сте ги планирале, тоа не е сигнал да се забави, туку обврска да се оправда признанието со следни значајни резултати.
– Ова е пораката од настанот во Приштина што ја носиме дома. Порака дека признанието е мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно, уште поодговорно и со уште поголема амбиција – заклучи Проданоски.












