Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во пресрет на Велигден објави фотографија
„Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува.
Чинот на вапсање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.
Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“, напиша Сиљановска Давкова.












