понеделник, септември 14, 2026
Дома МАГАЗИН Предупредувања за ВИ апокалипса: Сите погледи се вперени во Трамп и Си

Предупредувања за ВИ апокалипса: Сите погледи се вперени во Трамп и Си

1

Додека водечките експерти и вработените во AI индустријата сè погласно предупредуваат дека неконтролираниот развој на вештачката интелигенција (ВИ) би можел да претставува егзистенцијална закана за човештвото. Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Ѓинпинг засега не покажуваат намера да ја забават технолошката трка, а нивниот состанок е закажан за 24 септември во Белата куќа.

Трамп за време на престојот во Ирска ги намали предупредувањата на истражувачите, порачувајќи дека „кој ќе победи во ВИ, победил“, и оцени дека се изнесуваат негативни сценарија и работи кои, според неговото мислење, нема да се случат, додека Си на самитот на БРИКС во Њу Делхи ги повика земјите од глобалниот југ да го забрзаат создавањето на меѓународна рамка за управување со вештачката интелигенција.

Кинескиот претседател најави и дека Кина ќе покрене БРИКС заедница за вештачка интелигенција со отворен код, која би требало да го поддржи развојот на големите јазични модели, да организира стручни собири и да придонесе за изградба на отворен ВИ екосистем.

Директорот на OpenAI, Сем Алтман, смета дека Трамп и Си би заслужиле Нобелова награда за мир доколку САД и Кина постигнат договор за заеднички стандарди и тестирање на безбедниот развој на ВИ технологијата, додека директорот на Anthropic, Дарио Амодеи, ги повика двете сили заеднички да „постават ограничување на брзината“ на развојот на оваа технологија, наведува Business Insider.

Предупредувањата се дополнително засилени откако истражувачот од Anthropic, Џејкоб Коксон, ја напушти компанијата тврдејќи дека ниту Anthropic ниту OpenAI не постапуваат одговорно и дека се „коцкаат со нашите животи“, наведувајќи дека луѓето кои ја развиваат оваа технологија сериозно веруваат дека таа до крајот на деценијата би можела да доведе до исчезнување на човештвото.

„Луѓето што ја развиваат вештачката интелигенција навистина се исплашени“, предупредува поранешен истражувач во „Антропик“

ИЗДВОЕНИ