петок, јануари 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државата се од обновливи...

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државата се од обновливи извори

50

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори 55,72 отсто – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад РКЕ. Во извештајот се регистрира првпат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали 28,40 отсто во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите 24,13 отсто.

– Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ, во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и почнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север).

Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година. Регистрирани се загуби на вода на национално ниво во просек од речиси 64 отсто.

ИЗДВОЕНИ