Поведена е истрага против 28-годишен жител на струшко Велешта за детска порнографија. Тој од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и правел достапна детска порнографија преку компјутерски систем.
– Обезбедени се докази согласно кои осомничениот, преку Телеграм, Сигнал, Вајбер и други апликации за комуникација инсталирани на неговиот мобилен телефон, пристапувал и учествувал во затворени групи за комуникација, а комуницирал и директно со профили креирани од други лица од повеќе земји во светот и со нив споделувал, испраќал и примал фотографии и видео материјали кои очигледно прикажувале полови дејствија со малолетни лица. Во наведениот период тој и за себе прибавувал детска порнографија која била откриена на неговиот мобилен телефон кога му бил одземен, стои во соопштението од државното Јавно обвинителство. .
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ИЗДВОЕНИ

Гаши: Да се запрашаме каква држава посакуваме во следните 35 години

ГРУБИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН, СУДЕЊЕТО ЗА „ЛОТАРИЈА“ ОДЛОЖЕНО ЗА ПЕТОК

Осма жртва од Западнонилска треска – почина 70-годишен пациент, осум лица се хоспитализирани

ПУКАЊЕ ВО ДУЌАНЏИК: 26-ГОДИШНИК ПОЧИНА ВО БОЛНИЦА, НАПАЃАЧИТЕ ПОБЕГНАЛЕ СО МОТОРЦИКЛ








