сабота, септември 19, 2026
Дома СВЕТ Полска во воздушна готовност по новите руски напади: Подигнати авијацијата, радарите и...

Полска во воздушна готовност по новите руски напади: Подигнати авијацијата, радарите и противвоздушната одбрана

0

Полска денес започна превентивни операции на воената авијација и го подигна нивото на готовност на своите системи за противвоздушна одбрана и радарски надзор поради руските напади со беспилотни летала врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

„Во врска со нападите со беспилотни летала извршени од Руската Федерација врз украинска територија, воената авијација започна операции во полскиот воздушен простор“, се наведува во соопштението објавено на социјалните мрежи, а пренесено од „Радио Зет“.

Оперативната команда истакна дека овие активности се од превентивна природа и имаат за цел обезбедување и заштита на полскиот воздушен простор, особено во областите што граничат со загрозените зони.

Во согласност со утврдените процедури, преку Центарот за воздушни операции – Командата на воздушната компонента беа активирани потребните сили и средства, додека системите за противвоздушна одбрана и радарски надзор беа ставени во состојба на готовност.

Пред неколку дена, руско беспилотно летало се урна на околу четири километри од полската граница, при што удри во бензинска пумпа во Украина.

ИЗДВОЕНИ