петок, јуни 19, 2026
Дома БАЛКАН Политички потрес во Романија: Падна владата!

Политички потрес во Романија: Падна владата!

47
EPA/Robert Ghement

Романскиот парламент денес гласаше за недоверба на проевропската влада предводена од Илија Боложанњезе, по иницијатива на пратениците од Социјалдемократската партија (PSD), Алијансата за единство на Романците (AUR) и PACE Прво Романија, објавија романските медиуми.

Вкупно 281 пратеник гласаа за предлогот, четворица пратеници беа против, додека три гласа беа неважечки, објавува Аѓерпрес.

Предлогот за недоверба на романската влада, насловен како „СТОП на планот на Боложан за уништување на економијата, осиромашување на населението и нелегална продажба на државен имот“, беше потпишан од 254 пратеници, по што владата падна преку гласање за недоверба.

Боложан ја напушти зградата на парламентот веднаш по гласањето за недоверба.

ИЗДВОЕНИ