сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ По Трамп, Путин оди кај Џинпинг: Во Пекинг ќе потпише околу 40...

По Трамп, Путин оди кај Џинпинг: Во Пекинг ќе потпише околу 40 билатерални документи

54
EPA/PAVEL BEDNYAKOV / AP POOL

За време на официјалната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина денес и утре, 19 и 20 мај, ќе бидат потпишани околу 40 билатерални документи, изјави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

Како што е најавено, Путин ќе пристигне во Пекинг вечерта на 19 мај, каде што ќе биде пречекан од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. Следниот ден, на плоштадот Тјенанмен ќе биде организирана церемонија на пречек со воен оркестар и почесна гарда, по што ќе следат разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Руската делегација ќе биде една од најголемите во последните години. Вицепремиери, министри, гувернерката на Централната банка Елвира Набиулина, како и раководители на големи руски компании, вклучувајќи ги Роснефт, Росатом и Газпром, патуваат во Пекинг, пренесува Спутник.

ИЗДВОЕНИ