НАСА соопшти дека е на добар пат на почетокот на април да ја лансира мисијата „Artemis II“, која ќе однесе астронаути околу Месечината за првпат по повеќе од 50 години.
Лансирањето првично беше планирано за март, но ракетата беше вратена на поправка поради истекување на хелиум. Според Би-Би-Си, најраниот можен датум за лансирање е 1 април.
Екипажот ќе го сочинуваат астронаутите Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Коч, како и канадскиот астронаут Џереми Хансен.
За време на 10-дневната мисија тие ќе летаат околу темната страна на Месечината – делот што не е видлив од Земјата – пред да се вратат назад.
НАСА соопшти дека по поправките нема да се прави нова „генерална проба“ пред лансирањето.
ИЗДВОЕНИ

Случај „Алта банка“: Што се случува со заштедите и кредитите на граѓаните?

На Токио му дадовме шахта! Најновиот филм „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски премиерно прикажан во Јапонија

Длабок судир меѓу владата и Уставниот суд ја тресе Полска: Распоредена полиција, претседателот итно се врати во Варшава

Генерацијата Z не сака војна, денеска излегуваат на улиците низ Германија







