недела, јули 12, 2026
Дома КУЛТУРА Петровден е и денот на традиционалната културна манифестација Галичка свадба – живо...

Петровден е и денот на традиционалната културна манифестација Галичка свадба – живо сведоштво за дел од нашето културно наследство

211

Во Галичник денеска на Петровден се одржува традиционалната културна манифестација Галичка свадба 2026. И годинава се очекува Галичката свадба да ја проследат бројни посетители од земјава и странство и да посведочат на единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција, исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај.

Од 10 до 12 јули, живописниот Галичник повторно е домаќин на една од најпрепознатливите и најавтентични културни манифестации во Македонија. Илјадници посетители од земјава и странство и годинава имаат можност да бидат дел од единственото доживување што го нуди оваа вековна традиција. Таа е исполнета со свадбарски обичаи, автентични носии, изворни песни и ора кои претставуваат живо сведоштво за богатото културно наследство на мијачкиот крај.

Во центарот на вниманието на годинешната  свадба се галичките младоженци, Александар Пендароски и Мартина Михајлова.

Нивниот избор носи и посебна симболика, бидејќи годинава се навршуваат 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година, кога биле венчани родителите на Александар. На тој начин, нивното учество претставува продолжување на едно семејно наследство и силна поврзаност со Галичник, обичаи и традиција.

Генерален покровител на “Галичка свадба 2026“ е претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, а Министерството за култура и туризам и годинава обезбедува институционална поддршка за одржувањето на манифестацијата, заедно со голем број компании и пријатели на Галичник, подразбирајќи ги и медиумите.

ИЗДВОЕНИ