Пет европски земји се враќаат на едно од најопасните оружја

50
EPA-EFE/MARIA SENOVILLA

Мините, едно од најопасните и најнеселективни оружја во светот, повторно се враќаат во воената стратегија на пет европски земји кои го објавија своето повлекување од Договорот од Отава.

Овој меѓународен договор од 1997 година забранува употреба, производство и складирање на противпешадиски мини. Сепак, Финска, Полска, Латвија, Естонија и Литванија – сите земји што граничат со Русија – одлучија да се повлечат од договорот поради, како што велат, растечката руска закана.

Одлуката на овие пет земји предизвика загриженост кај активистите за човекови права, кои предупредуваат на катастрофалните последици од нагазните мини. Нагазните мини убиле и осакатиле десетици илјади цивили низ целиот свет, а нивната смртоносна закана останува присутна децении по завршувањето на конфликтите. И покрај ова, Полска и трите балтички држави, во заедничка изјава во март оваа година, ја нагласија потребата од „поголема флексибилност и слобода на избор“ во одбраната на источниот крило на НАТО.

Латвискиот парламент го одобри повлекувањето од договорот во април, што ѝ дава можност на Рига да продолжи со складирањето на противпешадиски мини. Кратко потоа, Финска, исто така, објави планови за приклучување кон Латвија. Финскиот премиер Петери Орпо нагласи дека Русија претставува долгорочна закана за Европа и дека повлекувањето од Договорот од Отава му овозможува на Хелсинки да се подготви за промени во безбедносното опкружување.

Иако се повлекуваат од договорот, Финска, Полска и балтичките земји нагласуваат дека ќе останат посветени на хуманитарните принципи при употребата на мини. Хелсиншките власти нагласија дека ќе ги користат мините на „хуман начин“, со прецизно обележување на минските полиња, едукација на цивилите за опасностите и планови за расчистување на мините по завршувањето на конфликтот.

ИЗДВОЕНИ