понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Палевски распрашуваше сведок за пиштолот на Боре Видевски кој не е пронајден

Палевски распрашуваше сведок за пиштолот на Боре Видевски кој не е пронајден

382

Обвинетиот Љупчо Палевски денеска во Кривичниот суд на негов предлог го испрашуваше сведокот Стојан Кујунџиовски полицаец во велешката полиција кој учествувал во потрагата по тогаш исчезнатиот Панче Жежовски.

Палевски го праша сведокот дали во домот на обвинетиот Боре Видевски пронашле оружје, на што сведокот одговори дека одземале ловна пушка и куршуми од пиштол со клибар 9 мм.

Палевски го праша сведокот дали го барале пиштолот марка Зброевка за кој Видевски имал дозвола, сведокот , полициски службеник рече дека не го прашал Боре каде му е пиштолот, а дека го нема оружјето ја известиле обвинителката од велешкото ЈО и СВР Скопје.

Претресот кај Боре бил извршен на 4 декември 2023 ден по откривање на убиствата. Во моментот се изведуваат материјални докази на предлог на одбраната на Палевски. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ