Пакистан по утринската размена на нови воени напади: Ќе ги запреме воените активности ако и Индија го стори тоа

34
Фото: EPA-EFE/MUKESH

Пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар, денес изјави дека Исламабад ќе ги запре понатамошните воени активности ако и Индија го стори тоа, велејќи дека неговата земја искрено сака мир.

„Ако има малку разум, Индија ќе запре, а ако тие запрат, и ние ќе запреме“, рече Дар во интервју за локална телевизија, објави Си-ен-ен.

Тој нагласи дека Пакистан сака мир „без водство од која било земја“. Коментарите на Дар дојдоа откако Индија и Пакистан разменија нови воени напади рано утрово и се обвинија меѓусебно за ескалација на тензиите, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ