Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста имаат многу полесно породување.
Се повеќе се зборува за хормоналниот дисбаланс, кој се јавува многу почесто кај жените отколку кај мажите.
Промената во рамнотежата на хормоните може сериозно да влијае на здравјето на жената, па затоа не треба да се игнорира.
Во телото на жената циклично се произведуваат два хормона – прогестерон и естроген, а секоја промена во ова производство се смета за хормонален дисбаланс. Естрогенот е примарен женски хормон.
Овие три природни рецепти ќе ви помогнат да го стабилизирате лачењето на хормоните:
Лист од малина – се користи за зајакнување на мускулите на матката и има корисен ефект врз регулирањето на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста имаат многу полесно породување.
Рецептот е едноставен: прелијте една лажица лисја од малина (може да се користат и суви) со 200 мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Никогаш не пијте го овој чај пред спиење.
Вода од лимон – е корисна за слабеење, ги чисти сите токсини од телото, ја разубавува кожата и го зајакнува имунолошкиот систем. Општо е познато дека лимонот влијае на хормонот на ситост, и ако не е во рамнотежа, телото ќе создаде масни наслаги.
Рецепт: Исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте го одеднаш. Препорачливо е да испиете една чаша наутро бидејќи тоа ќе го забрза вашиот метаболизам.
Млеко со куркума и кокосово масло – совршено ги балансира нивоата на хормони. Се верува дека куркумата ја подобрува циркулацијата и метаболизмот. Додека до денес, постојат над 1500 студии кои покажуваат дека кокосовото масло е едно од најздравите во светот.
Рецепт: Додадете половина лажичка куркума и една лажичка кокосово масло во 200 мл топло млеко. Можете да додадете и мед, доколку сакате.
Препорачливо е да го започнете утрото со топла вода со лимон, да пиете чај од малина во текот на денот и да се почастите со топло златно млеко пред спиење.