Eкипите на ЈП „Комунална хигиена“, минатата седница отстраниле 650 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.
Од претпријатието велат дека најголемо количество непрописно одложен отпад било подигнато во општината Чаир, каде што биле расчистени вкупно 170 кубни метри отпад од диви депонии.
Истовремено, беа подигнати и транспортирани 2.700 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.
Оттаму велат дека континуирано реализираат активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни и тоа во доцните вечерни часови.
– Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки, на тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и на Старата скопска чаршија – наведуваат од претпријатието.












