вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Отсечен е патот кон врвот: Стотици алпинисти заробени на Монт Еверест

Отсечен е патот кон врвот: Стотици алпинисти заробени на Монт Еверест

35
Screenshot/YouTube

Голем леден блок ги заглави стотици алпинисти во базниот камп на Монт Еверест. Според непалските власти, голем блок мраз на рутата помеѓу базниот камп и првиот камп на голема надморска височина претставува сериозен ризик, предизвикувајќи алпинистите и локалните водичи привремено да го прекинат искачувањето, објави Би-Би-Си.

Службениците соработуваат со организаторите на експедициите за да ја проценат безбедноста на рутата.

Проблематичниот дел од ледениот блок се наоѓа кај ледениот водопад Кумбу, еден од најопасните делови од искачувањето, познат по постојаното движење на глечерите, длабоките пукнатини и големите ледени формации што можат да се срушат.

На околу 410 странски алпинисти им се издадени дозволи за оваа сезона на искачување, која трае до крајот на мај, додека се очекуваат и голем број непалски водичи.

Тимовите познати како „лекари на ледените водопади“ работат на поставување безбедна рута, но во моментов чекаат стабилизирање на условите.

Службениците предупредуваат на висок ризик од лавини и размислуваат за дополнителни воздушни проценки за да утврдат кога превојот повторно ќе биде безбеден за искачување, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ