Основниот суд во Штип денеска му изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева.
Пред два дена сега осудениот Зејнелов на претходно рочиште ја призна вината за убиството на неговата партнерка Пешева.
Адвокатите на семејството Пешеви и обвинителството побараа доживотна казна затвор за сторителот.
Според обвинението, осудениот се товари дека откога се договориле и се сретнале со жртвата пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и почнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот како резултат на што жената починала.
ИЗДВОЕНИ

Вучиќ призна пораз: Изгубивме!

РИМСКАТА СРЕДБА НА МИТРОПОЛИТОТ ГЕОРГИЈ СО ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ ВАРТОЛОМЕЈ ОТВОРИ ДИЛЕМИ: Се крши ли мразот меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија?

Синдикалната кошница ѝ избега на платата – еден минималец се троши само за храна и пијалаци

Еден час на скеле чини 150 денари, дали новиот модел ќе им ги зголеми приходите на работниците?








