понеделник, септември 7, 2026
Дома СВЕТ Орбан ѝ честита на АфД за победата во Саксонија-Анхалт: Голема ноќ за...

Орбан ѝ честита на АфД за победата во Саксонија-Анхалт: Голема ноќ за Германија и Европа

19

Орбан зборува: „Подгответе се, ова е само почеток“
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска ѝ честиташе на Алтернатива за Германија (AfD) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, нарекувајќи ја „голема ноќ за Германија и Европа“.

„Голема ноќ за Германија и Европа! Честитки до (копретседателката на AfD) Алис Вајдел, (главниот кандидат на AfD) Улрих Зигмунд и целата AfD за убедливата победа во Саксонија-Анхалт“, напиша Орбан во објава на социјалната мрежа X.

„Подгответе се. Ова е само почеток!“, нагласи Орбан.

Алтернатива за Германија (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера со 43,8 проценти од гласовите, оствари убедлива победа на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт, но не успеа да освои апсолутно мнозинство.

Христијанско-демократската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од изборната комисија во текот на ноќта.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 проценти од гласовите на изборите во недела – барем двојно повеќе од 20,8 проценти на изборите во 2021 година. CDU сега има 17,2 проценти од гласовите, во споредба со 37,1 процент на претходните избори, а Социјалдемократската партија на Германија (SPD) доби 9,3 проценти од гласачите, во споредба со 8,4 проценти претходно, објави „Билд“ утрово.

ИЗДВОЕНИ