петок, јуни 5, 2026
Дома КУЛТУРА Опуштен и типично „незадолжителен“: Прес-конференција на Владо Георгиев, 9 дена пред „Господскиот“...

Опуштен и типично „незадолжителен“: Прес-конференција на Владо Георгиев, 9 дена пред „Господскиот“ концерт

316
Foto: P. Stojanovski

Девет дена пред одржувањето на солистичкиот концерт „Господски“, на Владо Георгиев, денеска се одржа прес-конференција. Главниот збор го имаше Антонио Димитриевски, а по неговиот говор, следуваа прашања од медиумите, од чиј одзив и самиот пејач пријатно се изненади.

Пејачот беше сосем опуштен, како и секогаш, во оној негов препознатлив неформален и „незадолжителен“ стил, а знаеше и сосем симпатично да уфрли по некој македонски збор и израз, на што Антонио не остана рамнодушен.

Георгиев ќе пее пред македонската публика на 24 април во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, тоа е новиот датум кој пејачот го најави пред да го откаже стариот, 20 март, а како причина за тоа ги наведе сеќавањето на трагедијата во Кочани, за која не бил информиран дека случајно коинцидира со датумот на неговиот концерт, како и поклопувањето со верскиот празник Рамазан Бајрам.

–Според мене не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, ама навистина не е во ред. Затоа концертот ќе биде на 24-ти април. Јас со нетрпение ве чекам онака, господски, изјави претходно Георгиев.

ИЗДВОЕНИ