Азиска иглеста мравка е за првпат потврдена во Германија, а експертите предупредуваат дека станува збор за потенцијално опасен инсект, чиј убод може да предизвика сериозни алергиски реакции, па дури и животозагрозувачки шок.

Новиот, инвазивен вид е откриен во градски парк во Штутгарт. Според Друштвото за природни истражувања Франкфурт и Универзитет Хоенхајм, ова претставува прв сигурен доказ за присуството на овој вид во земјата.

Експертите посочуваат дека Европска унија ги класифицира овие инсекти како особено проблематични поради нивниот инвазивен карактер и ризикот од алергиски реакции при убод.

Истражувачите пронашле цела колонија во паркот Розенштајн во Штутгарт, што укажува дека не станува збор за изолиран случај, туку за веќе воспоставена локална популација.

  • Ова значи дека не се работи за поединечни внесени инсекти, туку за популација која најверојатно може да презими и да се шири, изјави Брендон Будинот од Институт Сенкенберг.

Овие мравки најчесто се шират незабележано преку меѓународната трговија со растенија, транспортни контејнери или багаж на патници. Нивното ширење дополнително се олеснува поради порастот на температурите поврзан со климатските промени.

ИЗДВОЕНИ