понеделник, јуни 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинетиот Боре Видевски е во болница, транспортот на другите се откажа

Обвинетиот Боре Видевски е во болница, транспортот на другите се откажа

Јавната расправа за убиствата на Вања и Панче се одложи

886

Обвинетите за свирепото двојно убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не беа донесени во Апелациониот суд во Скопје,  каде требаше да се расправа по нивните и жалбата на обвинителството. Еден од нив, Боре Видевски, е на лекување во болница. Судијката ја одложи јавната расправа за 11 мај и го праша адвокатот на Видевски, Бојан Манев, дали може да обезбеди согласност од обвинетиот, да зборува во негово име, на што овој вети дека ќе се обиде. Адвокатот вели дека тој е задржан на лекување поради неговите параметри на креатин, кои се 10 пати над нормалните, поради што има континуирана потреба од дијализа.

– Видевски не можеше денеска да присуствува затоа што неговата здравствена состојба е до толку влошена, што пред два дена изгубил свест во притворското одделение во истражниот затвор Скопје, поради тоа што тој живее со еден бубрег, кој му е пресаден. Не е лекуван континуирано во затворски услови, затоа што таму и нема услови да биде лекуван, оти има потреба од дијализа. Тој бил однесен на лекар во август 2025 година, па потоа дури на 17 март оваа година, изјави бранителот.

За грабнувањето и за суровото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и пензионерот Панче Жежовски од Велес неправосилно на доживотен затвор осудени се Љупчо Палевски Палчо, како директен извршител и Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев како негови помагачи. Обвинителството го гонеше и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски дека им помагал на грабнувачите со тоа што им оддал информации кога неговата ќерка ќе оди сама на училиште, но судијата Ивица Стефановски го ослободи од обвинението затоа што ЈО не го докажа тоа. На ослободителната пресуда на Ѓорчевски, жалба вложи Вишото обвинителството.

Пиштолот со кои се извршени убиствата сеуште не е најден, а ја нема и „зброевката“ на Видевски. Делото го признаа Манев и Кешишев, а негираа Палчо и Видевски. Мотивот што го докажуваше ОЈО беше „користољубие“, а Манев тврдеше дека целта им била друга, повозрасна жена. Една од обвинителките на случајот, Ана Стојковиќ Димитровска во меѓувреме е унапредена во обвинителството за организиран криминал. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ