Објавени нови фотографии од најбараниот криминалец на Балканот

252
Europol

Името на водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер денеска е додадено на листата на најбарани бегалци во Европа откако Австрија распиша потерница по него, пишува Блиц.

На веб-страницата „eumostwanted.eu“, Звицер се бара за шверц на дрога и психоактивни супстанци, но има и предупредување дека се работи за многу опасна личност која најверојатно е вооружена.

– Радоје Звицер е осомничен дека како водечки член на криминална организација увезол 83 килограми кокаин (чистота 60,9%) од други земји во Австрија. Се сомнева дека тој заедно со соучесниците учествувал во организирањето на шверцерскиот синџир. Ова лице организирало доставување на наркотици кои се продавале во Виена во негово име – стои во потерницата.

Заедно со неколку различни фотографии, наведен е описот на Звицер, кој покажува дека тој е мускулест белец со атлетска градба, сини очи и кафена коса. Исто така, беше прецизирано дека на горниот дел од телото има неколку хируршки лузни, од рани предизвикани од огнено оружје.

Објавени се и познатите „псевдоними“, односно идентитетите кои ги користел:

Јосип Бабиќ, роден на 06.02.1979 г. во Германија

Драган Гојковиќ, роден на 08.09.1977 година во Беране, Црна Гора

Дејвид Грепо, роден на 2 март 1983 година.

Ференц Кароли, роден на 31.03.1975 г.

Звицер е водач на кавачката криминална организирана група, која од 2014 година војува со „Шкалјарите“.

Конфликтот и поделеноста ги предизвика пратката кокаин која исчезна од стан во Валенсија, а од тогаш во војната меѓу овие два клана загинаа повеќе од 60 луѓе.

Звицер  беше застрелан пред четири години сред бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајцата вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле. Сопругата на Звицер, Тамара, која истрчала од станот и пукала во нив, ги спречила напаѓачите да го убијат, пишува Блиц.