понеделник, јули 13, 2026
Дома СКОПСКА Ноќна урбана трка во организација на „Прв до врв“

Ноќна урбана трка во организација на „Прв до врв“

21

Во организација на  „Прв  до врв“, а со поддршка на Општина Центар, првпат ќе се одржи урбан спортски настан, ноќна урбана трка – „Центар најт ран“.

Овој настан, кој ќе се одржи на 12 септември 2026 година, првпат ќе ги поврзе најпрепознатливите улици и простори на Општина Центар во едно уникатно доживување.

– Со старт во 19:00 часот, кога добива градот поинаква енергија, учесниците ќе трчаат низ Дебар Маало и низ централното градско подрачје, во атмосфера исполнета со публика, музика и урбан живот. Без разлика дали ќе ја одберете трката на пет километри или полумаратонот, „Центар најт ран“ е создаден за сите оние што сакаат да го доживеат градот од поинаква перспектива – велат организаторите.

Пријавувањето трае до 2 септември 2026 година.

 

ИЗДВОЕНИ