петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху не се откажува од војната: „Сè уште има збогатен материјал во...

Нетанјаху не се откажува од војната: „Сè уште има збогатен материјал во Иран“

134
EPA/WILL OLIVER / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека збогатениот материјал во Иран мора да се отстрани, или со договор или „со други средства“. Тој нагласи дека кампањата против Иран не е завршена и дека претстои уште работа. „Сè уште има збогатен материјал во Иран и, како што рече Трамп, тој мора да се отстрани. Или ќе излезе со договор или ќе излезе со други средства“, рече Нетанјаху во своето обраќање.

Нетанјаху, исто така, се осврна на наводните ирански намери да ги заштити своите објекти од напад. „Хамени сакаше да ги скрие и производството на ракети и нуклеарното производство длабоко, длабоко под висока планина, за да не можат да стигнат дури ни авионите Б-2“, рече тој.

Зборувајќи за воената соработка, тој ја нагласи важноста на сојузот со САД. „Да ви кажев пред една година дека Соединетите Американски Држави, најмоќната сила во светот, ќе се борат рамо до рамо, крило до крило, речиси 40 дена против заеднички непријател, кој би верувал во тоа?“, рече тој. „Но, сето ова се случи затоа што ние инициравме, дејствувавме, нападнавме“, додаде Нетанјаху.

Коментирајќи ја ситуацијата на границата со Либан, израелскиот премиер го потврди воспоставувањето на безбедносна зона. „Создадовме безбедносна тампон зона од 8 до 10 километри“, заклучи тој.

ИЗДВОЕНИ