Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес, на првиот ден од примирјето меѓу Израел и Либан, изјави дека неговата земја „сè уште не завршила“ со либанското движење „Хезболах“.
„Израел не завршил со „Хезболах“, а целта за разоткривање на либанското исламистичко движење нема да се постигне утре“, рече Нетанјаху во видео порака на социјалните мрежи.
Војната против шиитското движење, сојузник на Техеран, која беше започната на 2 март, успеа да ги одбие заканите што доаѓаа од Либан, рече израелскиот премиер во видео порака.
„Сегашното движење „Хезболах“ е само сенка од она што некогаш беше, но да бидеме искрени: сè уште не сме завршиле“, рече Нетанјаху, пренесе „Бета“.
Израел започна воздушни напади врз јужен Либан на 2 март, каде што е седиштето на Хезболах, поддржан од Иран. Примирјето, кое стапи на сила синоќа, ќе трае десет дена.












